НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запрен транзитот на руски природен гас преку Украина

0
By Zoran Ivanov on January 1, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска, како што и беше најавено, е прекинат транзитот на руски гас преку Украина кон централна Европа. Руската компанија Гаспром објави дека по украинското необновување на транзитниот договор нема ниту правни, ниту технички можности да продолжи да го испумпува гасот низ гасоводите во земјата. Валидноста на договорот потпишан на 30 декември 2019 година истече во 6:00 часот по средноевропско време, соопшти Гаспром.

Договорот овозможуваше рускиот гас да тече низ украинските гасоводи до централна Европа. Киев одлучи да го запре тоа за да ја отсече  Русија од  дополнителни приходи со кои Кремљ ја финансира и својата  агресорска војна  против соседната земја. Тоа е во национален интерес на Украина, објасни украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. Запирањето тој го нарече „историски настан“.

Рутата преку Украина беше најстарата рута за гас за Централна Европа.  Сепак, Русија продолжува да извезува гас преку гасоводот Турски тек на дното на Црното Море.

Портпаролка на Комисијата  на ЕУ  уште претходно јасно стави до знаење дека Европа е подготвена за запирањето. Европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за испорака на гас од неруско потекло во Централна и Источна Европа преку алтернативни рути, истакна таа.

И словачката влада во вторникот изјави дека е подготвена за запирање на  протокот на руски гас.  Резервоарите за гас се 100 отсто полни и има доволно резерви за новата година, соопшти Министерството за економија. „Би сакала да ги уверам сите луѓе и компании во Словачка дека сме подготвени за ова сценарио и дека во моментов не постои ризик од недостиг на гас“, изјави министерката за економија Дениса Сакова.  Словачкиот премиер Роберт Фицо  пак во петокот ѝ се закани на Украина дека неговата земја за возврат може да го прекине снабдувањето со електрична енергија.

Покрај Словачка, земјите како што се Чешка и Унгарија сè уште добиваа преку гасовод  гас од Русија,  за нив прекинот носи проблеми. Австрија, исто така, продолжи да добива значителен дел од својот природен гас од Русија. Сепак, земјата се чувствува добро подготвена за прекин на испораката благодарение на полните капацитети за складирање на гас и алтернативните патишта за увоз преку Италија и Германија.

 

русија укреаина гасовод еу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.