НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За децата без родители и нелуѓето

0
By Биљана Секуловска on March 14, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш, кога политичката смрт како да изгледа да се наближува за Никола Груевски, има неколку опции како да се пролонгира, да се насамари, да се надмудри и некако, којзнае како мисли Груевски, да се избегне.

Има двајца Груевци во неговата глава, кои му кажуваат неповрзани, контрадикторни ставови за акции секојдневно, постојано, како во забрзан нем филм каде што се поклопуваат несносната болка со комедијата. Првата настапува кога депресијата ќе го совлада и завладуваат сите зуења во претешката глава, која ех, најдобро би било, да се потсреди и да се делува тој ден како ништо да не било, како да ќе биде вечен. Но, не е така.

Во такви мрачни, тмурни денови, на Груевски му доаѓа онаа тежина која само еден Иван Илич ја имаше, оној кој го опиша Толстој, кога ја запишуваше неминовноста на неговата смрт и агонијата која го следеше откако некако дозна дека е крајот:

– Смрт. Да, смрт. И никој од нив не знае и не сака да знае и не жали (Тој слушаше далечен одзвук на глас зад вратите и ритурнели). Ним им е сеедно, а и тие ќе умрат. Глупаци. Јас порано, а тие подоцна; и со нив ќе се случи ова. А тие се радуваат. Добиток!

Така и Груевски. Некаде во мислите, кога е далеку и сам, а тоа така се почесто бидува, го замислува на смртната постела најпрво Заев. Како се препелка, снеможува, го снемува, станува се помал и помал, како поминува времето, како е заборавен и заминува, без да се прости со никого, како сега тој.

Единствената оса која одвреме на време ќе му забие отровен убод е што ќе пишува на надгробниот споменик на крвниот непријател Заев, огин да го изгори, а што кај него, после светите четири букви на Партијата.

Сега тој знае добро, каменот кој ќе го исклесува нема да биде дело на неговите најмили, домашните, кои сега му се при рака и му ја бришат потта кога го черечат на лентите за прислушкување оние кои ги создаде.

Неговите најблиски, крвта негова, како што изминува времето, се се што ќе му остане, ако не го сметаме добитокот кој ионака ќе цркне, некогаш, секако. Но, не сега, не сега. И тоа е она што го распарчува, затоа што не знаеше се до пред некој ден ништо за историјата, која има примероци како него, обично школско четиво за студентите, службите (Американците имаат прагматичен збор-компанијата), писателите. Педатно заведен ќе биде и тој, мајку им нивна цијашко- удбашка!

Автори на тоа што ќе го пишува на црниот надгробен камен се токму тие кои сега му се адут за лентите, странските служби, кои кроце, полека, како ништо да не се случува, ја плетат мрежата, токму онака како што тој правеше, заплеткувајќи се и за крај, давејќи се од неа.

Што мисли во тие мигови Груевски?

Нема потреба да го замениме името Кај со името Заев, тогаш кога Иван Илич страда:

– Кај е човек, луѓето се смртни, според тоа Кај е смртен… И Кај е навистина смртен и правилно е тој да умре, но јас Вања, Иван Илич, со сите мои чувства мисли- со мене е подруга работа. И не може да биде дека треба да умрам. Тоа би било премногу ужасно.

Што се случува со другите, веселите денови, со оној друг Груевски кој не му ја полни главата со Тик-так, додека не експлодира?

Има денови со смеа, со радост која без најава се јавува, денови како оној во салата Борис Трајковски, кога очекува да дојдат сите поддржувачи и симпатизери, како се вели во прогласот- да говори за сите позитивни процеси во државата.

Но, потоа, насред полетот, додека ја замислува масата која го бодри, како орат песните, како менгеме некое ќе го вклешти мисла, која го жегаше и Иван Илич:

-Можеби не сум живеел како што треба? – му идеше наеднаш на ум. Но, како не, кога правев се како што треба?

На ова на Груевски најдобар одговор треба да му дадат децата без родители од Домот 11 Октомври во Скопје, со кои директорката Ристенка Атанасова и Миле Јанакиески тргуваат за гласање како да се на сточен пазар. Тоа за мене ќе остане најстрашната снимка, најужасното сведоштво на оваа власт.

Затоа што сите останати, под закани за убиства измачувани, со кои се изживувале, на разни начини ликвидирани, сите тие имале некого зад себе: родителите, жените, децата, семејството, партијата или институцијата. Овие деца се напуштени и сами во овој проклет свет. А сепак, некако се случило да не се откажат самите од себе и да стојат во оваа редица како и сите ние, што мислиме дека немаме ништо, а имаме се.

Тие деца, тие деца имаат право да му го кажат на Груевски последниот збор:

-Свршено е, рече некој над него.

Така заврши приказната за Иван Илич.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.