Израелските воздухопловни сили викендов нападнаа, како што соопштива армијата, повеќе од 100 терористички цели во Појасот Газа.
Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа ликвидирани како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во армиското соопштение.
Војската соопшти и дека погодила неколку локации за лансирање ракети за кои се верува дека биле користени за ракетни напади од Појасот Газа на израелска територија.
Според израелската војска, во пресрет на нападите биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот од цивилни жртви.
Воените и разузнавачките служби на Израел ќе продолжат да дејствуваат против терористичките организации во Појасот Газа за заштита на граѓаните на Израел, се додава во соопштението.