Русија потврди дека Украина почнала контраофанзива во Курск.
Украина почна нова офанзива во рускиот регион Курск, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштение, руската војска вели дека се во тек напори за уништување на украинските офанзивни групи. Украински функционери, сугерираа дека се спроведува операција во Курск.
Украина првично почна операција во Курск во август лани и успеа да зазеде голема територија. Но, во текот на изминатите месеци, руските сили напредуваа во областа и ги истиснаа Украинци во голем дел од регионот.
Руската војска денеска на Телеграм објави дека Украина почнала контраофанзива за да ја запре руската офанзива во регионот Курск.
Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кажа дека има „добри вести од регионот Курск“ и дека Русија „го добива она што го заслужува“.