НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски и вмро се легитимни цели на сите сериозни разузнавачки служби!

0
By Marija Todorovska on January 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мицкоски и Силјановска ни велат дека ќе се потрудат 2025 да ја направат најлоша година во плитката историја на Нордот.

Бранко Тричковски

„Ти можеш самиот себе да се заразиш, не заборавај. Не му дозволувај на твоето „ти” да надвладее”
(Анри Мишо)

Ова е за говњарите што се на чело на државата.

Тие се комплетно во модусот „ти”.

Загубени се како личности.

Мицкоски не е Христијан, а Силјановска не е Гордана.

Улогите ги претворија во чудовишта.

Смешни се, но не безопасни.

Мислата, се разбира, може да се однесува и на многу други.

Всушност, на сите!

Мишо испраќа универзално предупредување.

Мицкоски и Силјановска ни велат дека ќе се потрудат 2025 да ја направат најлоша година во плитката историја на Нордот.

Можеме ли да поставиме некакви балвани и антитенковски пирамиди од армиран бетон и железо, за да го спречиме нејзиното доаѓање?

Не можеме.

Не треба да се занесуваме со можностите на балванската револуција против времето.

Но, можеме да се обидеме да ги тргнеме балваните на кои почиваат конструктите на лошотилокот на годината што секој миг треба да пристигне.

Главни, каротидни балвани во тој феномен, се Мицко и Гога. Можеме да изнајмиме некој катарпилар и да ги истуркаме од патот на новото време. Можеме да ги отстраниме културолошки, политички, идејно и морално, медиумски, се разбира.

Така пишував пред три дена.

Да ги извадиме од мошоовото „ти”.

Ако некој има и некоја друга идеја, нека се јави. Сè што ќе го направи прооден патот на новата година добра, е добредојдено.

Тоа ќе биде многу тешко.

Не сакам да речам- невозможно.

Зашто, Мицко продолжува на себе да гледа како на грне на грнчарско колце. Да го обликува своето „ти” според моделот на Вучиќ. Да се фарба со бои на жртва. Такви бардаци сака народот. Не само тој како бардак туку и неговата фамилија како мали бардачиња. Во последниот замав на грнчарската четка, во претставата го внесе и синот Јован. Како што Вучиќ го влече низ својата кариера синот Данило.

Елаборатот „Жртва” е модел за емотивно мобилизирање на широките народни маси, особено простите, околу жртвата која е жртва, имено, затоа што се бори за доброто на народот.

Инаку за кој курац некој би го напаѓал лидерот и неговото семејство.

Мислам дека тој модел е изабен и во Србија, просто затоа што е еден ист филм кој секоја вечер се прикажува на различни телевизии. Тој е фарсичен и во Србија, а во Македонија би бил произведен и прикажуван како фарсична фарса. Или така некако.

Второ, Мицко ги нема естрадните капацитети на Вучиќ. Ако е Вучиќ Ерик Кантона за заведување и заебавање на публиката, Мицко не е ниту Мечкаров во претставата за одбраната на националните интереси.

Трето, ние немаме информации дека детето на Мицко е блиско или вплеткано во мафиотски кругови што значи, ако е така, насилно го вовлекува во политичкиот ринг кај што ќе го извалка со крв, пот и лиги.

И, четврто, македонскиот јазик не е јазик во кој може да егзистира некаков локален Вучиќ. Ја нема таа акцентажа, мелодика, фразеолигија, лексика… Македонскиот е јазик за нормални луѓе. Двотактна машина која работи како пента и со ништо не може од него да се извади звукот на „Ферари”.

Само исклучителни поединци можат да го работат како светски јазик.

Затоа на филмското платно емоциите на македонски, дури обични реплики, изгледаат вештачки. А дебатните емисии се највалкана можна агресија врз сите сетила на нормалниот човек.

Нормалните се свесни за тие ограничувања кои станаа опасни во новото и брзо време, па решија да се обидат со простоќа и глупоќа од најглуп вид. И, гледај сега, глупаците имаат успех кај оглупавениот народ.

Нормално!

Интелектуалниот потенцијал на Мицко вкрстен со овие хендикепи на јазикот, ќе го претворат во кловн.

Проблемот во Нордот е во тоа што и кловновите не се без шанси.

Бомо видли.

И, на крајот, петто:
Приказната за тоа дека бил следен, тој и неговото семејство, од македонските безбедносни служби и тоа како „мозок на паравоени структури” и отворениот предмет во Јавното обвинителство по допрен глас директно од гласниот апарат на премиерот, најверојатно ќе се влече и уште некое време ќе се експлоатира на оваа ниво на „откритието на Мицко”. Ако пак навистина се спроведе истрага, можни се две опции: едната е дека службите не го следеле, а втората е дека службите навистина го следеле затоа што имале основи да се сомневаат дека тој и неговата партија, за која јас со години тврдам дека е злосторничка инсталација, работеле против интересите на народот и на државата. За што, колку што се сеќавам, имаше и правосудни решенија за злосторничко здружување. Не знам дали имале основи да го следат како „мозок на паравоени формации”, но знаејќи ја историјата на оваа чудовиште, не би ме изненадило да имале и такви информации.

Во секој случај, секоја одговорна служба морала да има детален увид во работата на вмро и нејзините лидери затоа што тие во својата суштина не се политичка партија туку ја користат демократијата како платформа за преобликување и можно елиминирање на Македонија како национална и државна реализација на македонскиот народ.

Затоа што е направена спротивно на основните принципи на вмро.

Република Македонија е предавство на вмро!

Дозволувам, можеби не елиминација како желба, но како закономерен ефект на политичката концептуализација на митот за себе – сигурно.

Како и да е, не сум сигурен дека за Мицкоски ќе биде добро ако се покаже дека бил во право кога го пуштил гласот.

Освен ако не се развлекува и театрализира според моделот на Вучиќ.

Ако ме викнат како сведок, на судот ќе им ги принесам моите согледувања за праксата која во детали ја претставуваат партијата и нејзините лидери како разорни елементи за македонското општество, нација и држава.

Сè што правеле и прават, значи 102,3 отсто, е во таа насока. Одлепувањето од вселенскиот брод на Европската унија во бескрајната темнина на космосот, е последната и фатална операција.

Се разбира, има Македонија и други растурачи, но појавата на вмро коинцидира со крајот на македонската историја и со влезот во транзицијата која тој крај ќе го обликува според трагичните способности и концепти на вмро.

Тие се на праг да предизвикаат, прво внатрешен, а потоа и регионален русвај. Мицко и неговата дружина треба да бидат легитимни цели не на момчето со пловдивски Јасмина сертификат, туку на циа и на европските служби.

Не се заебавам.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.