НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе ја продолжи ли Мицкоски и во 2025-та европската голгота на државата?

0
By Zoran Ivanov on January 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова практично значи дека Северна Македонија не може да оди напред на својот пат кон ЕУ без да ги одобри и уставните измени за воведување на бугарската заедница во Преамбулата, како обврска преземена со францускиот предлог за да може државата да започне преговори со ЕУ.

Дестан Јонузи   

 Северна Македонија влезе во 2025 година со нерешениот проблем со соседната Бугарија за вклучување на бугарската заедница во преамбулата на Уставот и со тоа на земјата да ѝ се отвора патот кон членство во Европската унија.

И покрај последователните напори на меѓународните пријатели на Северна Македонија од ЕУ и САД да изнајдат решение, земјата останува во статус кво во однос на евроинтеграциите, додека Бугарија не попушти околу уставните измени што ги бара како услов за отворање на поглавјата за членство.

Новата влада на Мицкоски потврди дека стратешки интерес на државата останува полноправно членство, но, како што соопшти, „не под секакви услови“. Годината која помина во главно се чекаше да се формира политичка влада во Софија со која би почнале преговорите, но се чини дека тоа нема да се случи уште некое време. Владиното мнозинство бара гаранции дека Бугарија нема да има други барања поврзани со билатерални прашања во текот на процесот.

Премиерот Христијан Мицкоски, по посетите на Брисел и средбите со европските претставници, изрази уверување дека вратите на ЕУ наскоро ќе бидат широко отворени. Засега не е откриен конкретен план како тоа ќе се постигне.

Официјална Софија вели дека Скопје сега треба да преговара со ЕУ, а не со Бугарија. Рамката за преговори каде што уставните измени се неопходен услов кој нема да се промени.

Ако државните лидери на Северна Македонија навистина сакаат членство во ЕУ, треба да ја исполнат преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тоа е многу јасно, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

За да се деблокира европскиот пат на земјава и таа да ги започне преговорите по првиот кластер „Основни вредности“, новата Влада предложи решение за уставни измени со одложено дејство, кој неофицијално го доби називот „француски предлог плус“.

Предлогот превидува сега да бидат усвоени уставните измени, со кои во Уставот како еден од народите што живеат во земјава би се вметнале и Бугарите, но тие да стапат во сила откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство на државава во Европската Унија по завршување на целиот процес на пристапни преговори.

Претставниците на ЕУ на барање за став по овој предлог, континуирано одговараа дека „продолжувањето на пристапниот процес на Северна Македонија зависи од уставните измени“, упатувајќи на заклучоците од Самитот на ЕУ од декември 2023 година, во кои се нагласува дека „Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом таа ја спроведе својата заложба за комплетирање на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година“.

Ова практично значи дека Северна Македонија не може да оди напред на својот пат кон ЕУ без да ги одобри и уставните измени за воведување на бугарската заедница во Преамбулата, како обврска преземена со францускиот предлог за да може државата да започне преговори со ЕУ.

Владата на 18 јули 2023 го достави Предлогот за уставни измени до Собранието. Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите шест месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова. Но, уставни измени се уште нема!?

Од друга страна, ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француски предлог плус“.

Вметнувањето на Бугарите во Уставот е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-членетото Собрание. На потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Во 2025 година, земјата влегува во својата 21 година како кандидат за членство во унијата.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

дестан јомузи македонија еу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.