Нови Сад: Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува.
Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество, велат универзитетските професори во Србија.
Тие ги осудија обидите на власта да ги заплаши колешките и колегите студентки и студенти преку јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивната и на адресата на нивните родители.
Повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, порачаа професорите.
Српската влада ги осудува протестите и блокадите што повеќе од еден месец се одржуваат во градовите низ државата.