Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општествата умираат кога од култури ќе станат цивилизации

0
By Zoran Ivanov on January 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 7, 2025 13:39

Кај нас комунистите и делумно социјалдемократите ги имале во себе страста на Дон Кихот и копјето за пробив во невозможното, Заев, на пример, а вмороните немаат ништо дури и од магарето на Санчо Панса. Тоа се белите црви во мртвото тело на македонската култура и цивилизација, усмртени од нивното постоење.  Всушност, тие не се убијците- тие се смртта како таква!

Бранко Тричковски

Роденденот на Исус е згоден момент да се запрашаме: Кога настанува моментот на смртта на општеството?

Шпенглер вели дека општествата умираат кога од култури, односно од живи органски целини, ќе станат цивилизации.

Чистата цивилизација како историски факт се состои во постепеното искористување на културните облици кои станале аноргански, односно изумреле.

Всушност, смртта настапува додека цивилизацијата ја јаде културата што ја создала.

Пренос во живо од тој обред може да се посматра на многу други места, но во Северна Македонија е најживописен.

Хахаха!

Тоа е момент во кој се наоѓа Западот.

И Нордот, се разбира, макар што нашата идентификација со цивилизација е доста проблематична.

Културата речиси ја изедовме.

Мртви сме како култура и живи само како искористувачки на облиците кои ги создале генерациите пред нас и кои во меѓувреме, поради нашата творечка импотенција и потрошувачка страст, станале аноргански.

Секоја култура има своја сопствена цивилизација. Цивилизацијата е неизбежна судбина на секоја култура. Тука е постигнат врвот од кој стануваат решливи и најтешките прашања на историската морфологија.

Македонија ги исполни сите услови да добие негативно односно смртоносно решение.

Морфологија на простор за гринд филд инвестиција во некоја нова култура.

Ако Господ даде време.

Вмро е феномен кој не оди пред големиот возлет на македонскиот национален и државен проект, проект на културата, туку го заклучува ,тој не е феномен на македонската култура, туку, условно кажамо на македонската ждерачка цивилизација.

Бодигард на влезот во смртта.

Секој Хелен, вели Шпенглер, ја имал цртата на Дон Кихот, а секој Римјанин на Санчо Панса.

Кај нас комунистите и делумно социјалдемократите ги имале во себе страста на Дон Кихот и копјето за пробив во невозможното, Заев, на пример, а вмороните немаат ништо дури и од магарето на Санчо Панса.

Тоа се белите црви во мртвото тело на македонската култура и цивилизација, усмртени од нивното постоење.

Всушност, тие не се убијците- тие се смртта како таква!

Цивилизацијата е најнадворешна и највештачка состојба до која може да стигне една виша врста на луѓе. Тие се завршеток,тие доаѓаат после постоењето како нешто што настанало, после животот како смрт, после развојот како кристализирање, после селскиот пејзаж и општественото детство, како духовна старост и скаменет град кој се скаменува. Тие се крај, неотповиклив, но до нив се доаѓа секогаш според најдлабоката внатрешна нужност.

Ова е многу важно да се запамети: Според најдлабоката внатрешна нужност.

За чии согледби и неооходни интервенции и катарзични промени, Тричковски укажуваше и инсистираше половина век.

Безуспешно, се разбира!

Тоа е она што треба да се види, не со очите на партизмот, на идеологијата, на современиот морализам, под аголот на кое и да е становиште, на вмро и сдсм, туку од вонвременска височина, со поглед насочен кон историскиот свет на облиците од илјадници години-ако навистина се сака да се сфати големата криза на денешнината.

Што е цивилизираната политика на утрешнината, наспроти култивираната политика на вчерашнината.

Во Стариот век тоа била реториката, а на Запад тоа е журнализмот, во служба на онаа апстракција која ја претставува моќта на цивилизацијата: парите!

Како и во Нордот.

Мал број надмоќни глави, чии имиња во овој момент, можеби, не се најпознати, одлучува за се, додека голема маса политичари од втор ред, ретори и трибуни, пратеници и новинари, избрани спрема провинцијалниот видик, ја одржува за масата илузијата за народното самоопределување.

Овци зад кормилото на вселенски брод.

Така Банкси би ја насликал актуелната власт во Македонија.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

трицковски колумна општества култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.