Функционер на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик вели дека пораката на САД до новата влада е иста каква што била и до претходната влада.
Никој не е над законот; применете ги вашите постоечки алатки и закони за поголем резултат; и почитувајте ја судската независност. Народот заслужува неговите лидери и функционери да бидат повикани на одговорност.
Вели дека САД поддржуваат да се казнат оние што ги искористуваат дупките во законите и кои работат за сопствен интерес, наместо за луѓето што ги избрале на таа функција.
Се потпираме на граѓаните да бараат интегритет од нивната влада и да бараат последици за оние кои ја изневеруваат довербата на јавноста.
Но, рече дека очекува и судиите да бараат одговорност од корумпираните.
И додека САД ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, наша надеж – и наше очекување – е дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото.




