Дуња Иванова
Филхармонија тргна по главите на неколкумина, до вчера членови на тоа мало, навидум хармонично семејство. Која е Филхармонија? Зградата ли е Филхармонија? Луѓето се Филхармонија, оние исти луѓе кои се познаваат од деца. Уште колку ,,ножеви” ви останаа во фундусот…?! Филхармонија тргна по главите на неколкумина. Посилни сте, несомнено. Но со која победа ќе се гордеете? Пред многу скоро време се појави искра светлина дека состојбите во културата конечно ќе се нормализираат, дали Филхармонија е првото кокиче кое ја изеде таа надеж? Наместо префрлања, ако треба превртете ги сите планини за да ги згрижите овие ВАШИ луѓе, наместо тоа, вие одбирате да чучите во веќе нам познатото гнездо од кое не успеваме да полетаме. Можевте да бидете херои, но….