Гордан Калајџиев: Ако влијанијата на политиката врз судството се проблем, тогаш поголем проблем е политиката, отколку судството. Зборуваат за ниска доверба во судството, а која голема доверба ја имаат политичарите? Тоа се прашале ли? Кој им дава за право да сечат судски глави? Тоа не може. Во модерна правна држава, не може извршната власт по свое гледање, да сече глави во судската власт, не може. Судскиот совет е поставен за да биде брана, баш од тоа и сега ако тие почнат да сечат глави од Судски совет и натаму, всушност прават директен атак врз Уставот на државата. Извршната власт тоа си го замислува дека како мали Ѓокица, ќе исече некои глави, ќе донесе нови глави и готово.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.