Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на уставот, одговори еврокомесарката за проширување Марта Кос пред Комисијата за надворешни прашања во Европскиот парламент на прашање на известувачот за Србија, Тонино Пицула. Таа рече и дека очекува по уставните измени, Бугарија да ја поддржува земјава на ЕУ патот.
-Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската да го промени уставот. И потоа сигурна сум дека кога ќе се придвижиме со Македонија исто така и со поддршка на Бугарија, ќе можеме да продолжиме.
Во воведниот 15 минутен говор пред европарламентарците, еврокомесарката воопшто не ја спомена Македонија . Фокусот го стави на евроинтегративните процеси за Украина, Молдација и на ситуацијата во Грузија.
Од регионот ги изводи Црна Гора и Албанија кои ги нарече „предводници во интегративниот процес“.