Марина Тунева: Социјалната инклузија во современите општества е еден од клучните принципи за постигнување рамноправност и правда. Сепак, во Северна Македонија ранливите групи сè уште се наоѓаат на маргините на политичката комуникација и медиумското информирање. Ова го покажа и истражувањето за инклузивните интернет портали и изборното рекламирање во земјава подготвено во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ на.Меѓународната фондација за изборни системи – IFES. Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. Линк