Лондон: Нивото на јаглерод диоксид – CO2 во нашата атмосфера минатата година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците, сугерирајќи дека постигнувањето на клучните цели во глобалната борба против климатските промени сега е се помалку возможно, објавија денеска британските медиуми.
Концентрацијата на CO2, гасот кој има најголемо влијание врз затоплувањето, сега е за повеќе од 50 отсто повисока отколку во периодот пред луѓето да почнат да користат големи количини на фосилни горива.
Забрзаното зголемување на количеството на овој гас во атмосферата е некомпатибилно со постигнувањето на целите на меѓународната заедница, која вети дека ќе го ограничи глобалното затоплување на праг од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот просек, соопшти службата Мет офис.