Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква улога би можела да има ЕУ по војната во Газа?

0
By Zoran Ivanov on January 17, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2025 13:34

Речиси 90 отсто од предвоеното население на Газа од 2,3 милиони е раселено поради континуираните израелски напади, при што многу луѓе беа принудени да живеат во шатори откако нивните домови беа претворени во урнатини. Кон крајот на минатата година, ОН соопштија дека повеќе од 1,8 милиони луѓе страдаат од екстремен глад, цитирајќи ги проценките на ИПЦ- глобалната иницијатива за безбедност на храната.

Ела Џојнер

Сè уште непотврдениот прекин на огнот даде момент на надеж за Газа. ЕУ е подготвена да испрати помош и поддршка, но ќе треба и да се обиде да влијае на идниот американски претседател Доналд Трамп од маргините.

Официјални претставници на ЕУ велат дека сакаат Унијата да ја поддржи обновата на

Петнаесет месеци откако терористичкиот напад предводен од Хамас во јужен Израел предизвика невидено израелско бомбардирање и копнена кампања која ја разурна Газа, на повидок е крај на конфликтот. Човечката цена е поразителна: бројот на загинати Палестинци е близу 45.000, според локалните власти, а има повеќе од 1.000 израелски жртви од нападот на 7. октомври 2023 година.

ЕУ од страна гледаше како САД, Египет и Катар посредуваа за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во три фази, кој би можел да стапи во сила во недела, при што 33 израелски заложници во Газа треба да бидат ослободени во замена за палестински затвореници кои се држат во Израел.

За момент, финализирањето на договорот беше доведено во прашање од страна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но тој во меѓувреме соопшти дека се расчистени и последните прашања.

27-те земји членки на ЕУ, кои беа опфатени со внатрешни поделби и имаа ограничено дипломатско влијание во конфликтот, сега може да имаат важна улога.

Во Брисел, Европската комисија ги пофали земјите посреднички и го поздрави договорот во четвртокот.

„ЕУ е подготвена да го поддржи спроведувањето на прекинот на огнот“, изјави на брифингот за новинари портпаролот на ЕУ за надворешни работи Ануар Ел-Ануни.

Извршната власт на ЕУ објави дека нејзиниот пакет хуманитарна помош за Газа за 2025 година изнесува 120 милиони евра, а тој ќе покрива храна, вода, засолниште и здравствена заштита. „Знаеме дека ситуацијата таму е катастрофална“, рече портпаролката Ева Хрчирова.

Речиси 90 отсто од предвоеното население на Газа од 2,3 милиони е раселено поради континуираните израелски напади, при што многу луѓе беа принудени да живеат во шатори откако нивните домови беа претворени во урнатини. Кон крајот на минатата година, ОН соопштија дека повеќе од 1,8 милиони луѓе страдаат од екстремен глад, цитирајќи ги проценките на ИПЦ- глобалната иницијатива за безбедност на храната.

Израел засега сè уште силно ја ограничува испораката на помош, иако треба да се дозволи многу повеќе во првата фаза од договорот за прекин на огнот, што, исто така, би довело до почеток на повлекување на израелските трупи.

ЕУ може да помогне во набљудување на преминот Рафах

Покрај краткорочната хуманитарна помош, ЕУ е, исто така, подготвена да помогне во обновата на Газа на долг рок. Минатиот април, ОН, ЕУ и Светската банка проценија дека само во првите четири месеци од војната била направена штета на инфраструктурата во Газа од 18,5 милијарди долари.

Во четвртокот, ЕУ посочи дека е во состојба на подготвеност да работи со меѓународните партнери, особено со земјите од Заливот, кога ќе дојде време. „Сега треба да видиме што носи иднината“, рече Ел-Ануни.

ЕУ веќе размислуваше за повторно активирање на својата долгогодишна мисија за набљудување на моментално затворениот премин Рафах, на границата меѓу Египет и Газа, рече Ел-Ануни. „Ова зависи од целосната согласност од двете страни и од одлуката на земјите членки на ЕУ“, нагласи тој.

Нејасна е политичката иднина на Газа

Но, пред да започне каква било сериозна реконструкција, мора да се изготви остварлив план за политичко и безбедносно владеење на Газа, изјави во четвртокот за ДВ Хју Ловат од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР).

„Сам по себе, договорот за прекин на огнот, иако е важен прв чекор, не е доволен и лесно ќе пропадне доколку не постои овој поширок политички појас да го поддржи“, нагласи тој.

Декларираната цел на Израел во војната беше да го уништи Хамас, кој ја контролира Газа од 2007 година, кога победи на изборите и го собори од власт својот политички ривал Фатах, политичката партија на чело на тогашната владејачка палестинска управа (ПА). Територијата оттогаш е под израелска блокада. Израел, исто така, ја окупираше Газа од 1967 до 2005 година.

Палестинската управа, која има делумна контрола врз Западниот Брег, е избраниот палестински соговорник на западните партнери на Израел, и покрај некои неодамнешни грижи за нејзините демократски капацитети.

Успехот на кој било план за стабилизација за Газа, според ЕЦФР, ќе зависи од враќањето на ревитализирана палестинска управа. Според Ловат, ЕУ може да ја искористи својата моќ како главен финансиски поддржувач на палестинските власти за да ги обликува преговорите за иднината.

А што е со Трамп?

Друго клучно прашање е колку ЕУ ќе може да влијае на развојот на настаните по прекинот на огнот, доколку тој се одржи, кога се знае дека Нетанјаху е зависен од екстремно десничарските тврдокорни членови на неговата влада, а новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наскоро ќе се врати во Белата куќа.

Трамп е близок поддржувач на Израел, а личностите во неговата претстојна администрација изразија поддршка за поекстремните националистички позиции на сегашната израелска влада, на пример во корист на повеќе еврејски населби кои ЕУ и ОН ги сметаат за нелегални.

Дали новиот претседател ги слуша овие гласови или не, останува да се види, а има простор ЕУ да дејствува, смета Ловат.

„Трамп не е тип на детали. Мислам дека е фер да се каже дека сака да може да каже дека ја завршил војната во Газа “. Но, настрана од тоа, неговиот став за иднината на Газа сè уште не е јасен.

„Европските влади кои работат во партнерство со арапските земји, особено со земјите од Арапскиот залив, треба позитивно да се ангажираат со администрацијата на Трамп“, вели Ловат, истакнувајќи:  „Предизвикот за ЕУ ​​е да ги преточи своите слогани во дела“.

Текстот е сопственост на Дојче веле.мк

 

 

газа обнова европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.