Вршителот на должноста амбасадор на Полска во Скопје, Мариуш Бримора, вели дека не верува оти може да биде ефективен предлогот на македенските власти за одложени уставни измени.
Во интервју за „360 степени“ Бримора, зборувајќи и како претставник на полското претседателство со ЕУ, вели дека нема навестување дека Брисел или Бугарија би ја промениле позицијата, дека се подготвени да ја сменат позицијата.
Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, како што слушнавте, изјави дека очекува Македонија да ги имплементира уставните измени, рече Бримора.
Бримора вели дека македонската влада мора добро да одмери кон каде треба да се движи државава во времето на големите предизвици во светот и војната во Европа.
Тоа може да резултира со ставање на вашите евроинтеграции на маргините. Ако на ова додадете одредени непредвидливости, како што е доаѓањето на новата американска администрација која може да го тргне фокусот од ЕУ кон други прашања како контролата врз Панамскиот Канал или проектот за мир во Украина, тогаш може да излезе дека приоритетите на ЕУ ќе се променат и дека моментот може ќе замине. Затоа, ако јас бев ваш советник, а не сум и тоа е само мое лично мислење, тогаш би сакал вашата влада да ги одмери работите „з“’ и „против“ и да види што треба да направи за да добие најголем можен профит за граѓаните на Северна Македонија, вели Бримора.