Полициски службеници со употреба на сила избркаа 30-на опозициски советници и пратеници од Градското собрание во Нови Сад кои утрово влегоа и ја блокираа институцијата. Полицијата насилно избрка и новинари кои известуваа од Градското собрание.
Опозиционерите скандираа „Србија, Нови Сад, стани сега!“ и „Фрлете ги униформите!“
Пред Градското собрание има полицијата и жандармеријата.
Неколку градски советници од Нови Сад и пратеници во Собранието на Војводина рано денеска го блокираа градското собрание во Нови Сад.