Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.
Агентите на Царината и граничната заштита – ЦБП, исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.
По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.