Бранко Тричкивски: Од фаворите на европската надворешна политика станавме земја во која се оди само по казна. Како Француска Гвајана. А лидерите на балканската политичка лепрозност се примаат само ако нема друго решение и со бројни карантински мерки, речиси исклучиво на колективни собиранки, кај што не можат да не го викнат Мицко, а да не признаат дека Македонија ја избришале од картата на државите, народите и културите. Да, да, Француска Гвајана на Анри Шарие (Папијон со Стив Мек Квин и Дастин Хофман).Се сеќавате, не! Вмро ги има впрегнато Македонците во проект во кој треба да докажат дека еволуцијата ги создала во времето кога имала висока температура и болна менструација.Скопје 2014 и сè што допрела долгата рака на оваа злосторничка инсталација, ги потврдува нивните тези и проекции. Линк