Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

1.904 Палестинци за за киднапираните Израелци – размената почнува утре

0
By Zoran Ivanov on January 18, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 18, 2025 16:59

Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави денеска израелската влада.

За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите, што започнува во недела наутро, пренесува ДПА.

Според израелската влада, меѓу Палестинците има 1.167 приведени жители на Појасот Газа кои не биле вклучени во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на Хамас.

Тие главно се сметаат за борци на Хамас кои биле заробени во текот на 15-месечните борби во Појасот Газа.

Останатите 737 Палестинци кои треба да бидат ослободени се затворени за помали прекршоци како што се фрлање камења на Западниот Брег или илегално преминување на границата, илегално поседување оружје или други прекршоци.

Сепак, оваа група вклучува и Палестинци кои отслужуваат казни за тешки злосторства како што е убиство. Според списокот објавен од израелското Министерство за правда, 22 затвореници кои треба да бидат ослободени се обвинети за сериозни напади врз Израелци.

Ова вклучува поединци како Закарија Зубеиди, кој беше командант на вооруженото крило на движењето Фатах, Бригадите Ал-Акса, во Џенин за време на втората Интифада од 2000 година.

Околу 3.500 Палестинци и повеќе од 1.000 Израелци беа убиени за време на бунтот од 2000 до 2005 година.

На списокот затвореницит што треба да бидат пуштени е и Махмуд Аталах, кој отслужува доживотна казна затвор за убиство на Палестинка обвинета за соработка со Израел, како и Ваел Касем и Висам Абаси, за кои се тврди дека учествувале во бомбашки напади во Израел со десетици жртви.

Сепак, најистакнатиот палестински затвореник во Израел, Марван Баргути од раководството на Фатах, нема да биде ослободен. Тој во 2004 година беше осуден на доживотен затвор за пет убиства.

Прекинот на огнот во Појасот Газа договорен од Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, треба да стапи во сила во недела наутро во 08:30 часот по локално време, а во текот на утрешниот ден се очекува да бидат ослободени и првите групи изралески заложници и палестински затвореници

 

израелци палестинци размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.