Заменикот министер за надворешни работи на Украина, Евген Перебијнис, оствари средба со министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, објави ЦивиМедиа.мк
Соговорниците разговараа за клучните насоки на билатералната соработка, заедничките евроинтегративни приоритети и ја потврдија својата посветеност на политиката за проширување на Европската унија, објави ЦивилМедиа.
Украина и Северна Македонија се договорија да ја зајакнат соработката меѓу земјите-кандидати за членство во ЕУ за забрзување на интеграциските процеси.
Благодарни сме на Северна Македонија за нејзиното целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во однос на агресивната војна на Русија против Украина, истакна Евген Перебијнис.
Заменикот министер изрази благодарност за одбранбената поддршка што Северна Македонија ја обезбедува на Украина од 2022 година.
За време на средбата беше нагласена важноста од забрзување на доставувањето на следниот пакет воено-техничка помош. Страните ја истакнаа клучната улога на НАТО во обезбедувањето долгорочна безбедност во регионот и спречувањето на понатамошна агресија од страна на Русија.
Украинската страна ги повика колегите од Северна Македонија да го засилат залагањето меѓу сојузниците на НАТО за поканување на Украина во Алијансата.
И амбасадорката на Украина, Лариса Дир, на социјалните мрежи го истакна значењето на оваа средба.
Амбасадорката Дир ја искористи можноста да се заблагодари за поддршката што Северна Македонија ѝ ја пружа на Украина од првите денови на руската воена агресија.