Оливер Андонов: Затоа, не сум зачуден што во недостиг на основни знаења за политиката (напоменувам за политиката, не за политикантството) Мицкоски се стави себеси во центарот на пропагандата. Буквално се во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и скоро сите медиумски ресурси во државата се ставени во интерес на пропагандно возвеличување на Мицкоски. Тоа е таа глупава пропаганда која ги напаѓа агресивно сите сетила на граѓаните на Македонија. Ги напаѓа до степен да се откажеме било што да слушаме или примаме со било каков критички осврт. Е таа пропаганда е вулгарна копија на тоа што го правеше и го прави Вучиќ во Србија за да биде десет и малку повеќе години на власт. Тој модел секојдневно во пракса ни го репризира овде Мицкоски, несвесен дека тоа е истрошен модел и дека не е од полза на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ, на владата, па дури и на самиот него. Сепак тој модел е сесрдно поддржан од пропагандата на Вучиќ врз Македонија која ја смета за дел од српскиот свет и тоа е и неговата основа и цел. Тоа во теоријата на меѓудржавните односи и влијанијата на таканаречените центри на моќ се нарекува агресивна примена на мека сила. А ние сме секако под силен притисок на „меката сила“ на Белград, и не толку заради нас и големата љубов на Вучиќ и Големосрпската политика кон Македонија и Македонците, туку заради самиот Вучиќ и неговата регионална политичко-безбедносна игра а со цел зачувување на сопствената позиција. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.