Емилија Целакоска: За проф. Силјановска не може никој да каже дека таа не разбира што всушност прави со секоја извртена „интерпретација“. Со влијание на претседател, за жал го троши својот авторитет на професор по правни науки за да инсистира на наопаку од исправно. Една од најсилните ужаснувачки работи зад кои стои е нејзиното предефинирање на „уставен патриотизам“ како тежнеење за неменување на Уставот. Со оглед на упадот во Собранието во 2017-та, тоа дава идеја за оправданост на насилие, со цел Уставот да остане непроменет. Терминот „уставен патриотизам“ се поврза без мерит со терминот „уставобранители“ кој се здоби со некој вид дословност во услови кога сите се срамат од конкурентниот термин „терористи“. Да речеме, ниту едниот, ниту другиот термин одговара сосема на фактите, но остана еден отровен чад од сето тоа, кој претседателката упорно го дува накај нас да го дишеме. И затоа нејзиното „можење“ е комплексен и опасен случај. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.