Венко Филипче: Политиките на Мицкоски и ДПМНЕ го срозија животниот стандард. Владините мерки доживеаја дебакл, продолжија ценовните шокови, трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Наместо на страната на граѓаните, власта застана на страната на големите трговци. Недозволиво е богатење на грбот на граѓаните, а токму тоа се случи, големите трговци се збогатија, кошниците на граѓаните останаа празни. Ароганцијата и инаетот на Мицкоски и ДПМНЕ оди на штета на граѓаните. Власта упорно ги одбива предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ за храната и раст на минималната плата, кои се единствени реални мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Вечерва во Штип со членовите на СДСМ разговаравме за економските политики на Владата кои ја носат државата во економска и социјална несигурност. СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и ќе се бори за подобар животот на секој граѓанин.