НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП ги повикал ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на прв кризен состанок во Брисел

0
By Светлана Јовановска on March 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА дознава дека на крајот на овој месец се очекува средба помеѓу најблиските соработници на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со европски пратеници во Брисел во Европскиот парламент (ЕП).

Според изворот на НОВА, тројца европски пратеници кои одлучија да направат обид да и помогнат на Македонија да најде излез од сегашната длабока политичка криза, решиле да им испратат покана на двете најголеми политички партии да дојдат во Брисел и тука да одржат прва рунда разговори заедно со европските парламентарци.

На овој состанок се очекува да пристигнат блиски соработници на лидерите на двете партии кои би имале мандат да ги водат на разговорите на конструктивен начин.

Познато е дека станува збор за Словакот Едвард Кукан од демохристијанската политичка група, Британецот Ричард Ховит од групата на социјалистите и Словенецот Иво Вајгл од групата на либералите.

Досега тие не добиле прецизен одговор од ВРМО-ДПМНЕ и СДСМ за оваа покана но се смета дека тоа би бил добар почеток за разговори кои треба да донесат разврска на кризата.

Портпаролката на комесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич денес потсети да зборовите на комесарот Хан дека ЕК ги поддржува сите инцијативи на Европскиот парламент:

«Ги поддржуваме иницијативите на групите на европските политички партии и индивидуални членови на Европскиот парламент да се помогне да се надмине кризата и ја поздравуваме нивната подготвеност за повеќе да се ангажираат».

Таа најави дека во ЕП се подготвува група која ќе се обиде да најде терен за разбирање помеѓу најголемите политички партии во Македонија но не сакаше да даде повеќе детали, освен дека се очекува реализирање на таа иницијатива во наредните две недели.

Инаку денес ЕК потврди дека го добила барањето на Јавното обвинителство во кое се бараше Брисел да испрати експерти кои би ја набљудувале работата на обвинителите во наредниот период во решавање на случајот Пуч.

«Само потврдувам дека примивме писмо, барање од јавниот обвинител», рече Маја Коцијанчич, портпаролка на комесарот Јоханес Хан.

Таа не можеше да каже повеќе на оваа тема. Но, додаде дека македонската криза и можностите на ЕУ да помогне во нејзиното решавање е постојано на агендата на ЕК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.