НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најдовска:Чувствувам само морална одговорност, направивме се да се пронајде Тони

0
By Менче Атанасова Точи on March 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За случајот со пациентот Тони Карачоски кој денеска беше пронајден мртов, чувствувам морална одговорност бидејќи се друго што беше во моја надлежност веќе е превземено, изјави вечерва за НОВА Снежана Најдовска, директорка на психијатриската болница во Демир Хисар.

Според Најдовска во болницата се води дисциплинска постапка против двајца вработени на одделението каде што престојувал Карачоски.

„Дисциплинска постапка се води против двајца вработени, една медицинска сестра и болничар.Постапката е покрената на 9-ти март во понеделникот на утринскиот состанок. Постапката е при крај“изјави за НОВА директорката Најдовска.

Таа вели дека 25 –годишниот Тони од болницата избегал на 7-ми март околу 15 часот, кога го видела некоја жена како трча и веднаш пријавила кај обезбедувањето. Камерите не снимале ништо бидејќи во тој период немало струја во болницата и во Демир Хисар.

„Камерите не снимиле ништо бидејќи немаше струја во болницата. Но, обезбедувањето веднаш е алармирано и веднаш беше пратена потера по него. Во исто време случајот го пријавивме и во полиција“, вели Најдовск.

Директорката со ова, вели дека сака да ги демантира информациите кои излегоа во јавноста, а ги даде семејството, дека случајот бил пријавен во полиција дури на 9-ти март.
„ За цело време додека траеше потрагата, наши екипи на луѓе кои се вработени во болницата кои живеат во околните села го бараа момчето со необележани со возила, без мантили, во цивил. Го пребаруваа и селото Варбино во чија близина е пронајдено момчето мртво, но без успех“, објаснува Најдовска.

Таа вели дека не знае од што починал Тони. Тој денеска околу 10 часот и 45 минути е пронајден на ридот над селото од случаен минувач. Варбино од психијатриската болницата се наоѓа на оддалеченост од околу четири километри. Потрагата по момчето траеше десет дена и ниту полицијата, ниту вработените од болницата не го пронајдоа момчето.

Семејството обвинува дека им е дадена отпусна листа со датум од денот кога Тони избегал од болницата, односно напишана со датум од 7ми март. Велат дека на отпусната листа нема потпис од мајката посочувајќи дека на Тони му била одземена деловната способност пред три години.

Најдовска вели дека таква информација дека му била одземена деловната способност во болницата немаат. Таа се правда дека отпусната листа во вакви случаи согласно Законот за здравствена заштита се пишува од денот кога се случило бегството.

„Таква е процедурата во болницата. Отпусната листа се пишува ако е пациентот отсутен од болницата повеќе од седум дена и се става датумот на неговото заминување. Еден документ останува кај нас, а вториот му го даваме на семејството. Тоа е траен документ и не се архивира“, изјави Најдовска.

Најдовска смета дека од страна на болницата е превземно се што треба, вработените биле максимално ангажирани во неговата потрага, но вели дека во психијатриски установи вакви ситуации се возможни.

Од друга страна, семејството најавува приватни тужби за одговорните во болницата. Видно вознемирени велат дека вината ја сноси болницата од каде дозволиле пациентот да избега. Неговата тетка Валентина Митевска за НОВА вели дека бараат одговорност и оставка од директорката на болницата Снежана Најдовска.

„Болницата има најголема вина за се што се случи. Како можеле да дозволат да избега пациент, а згора на се издадат отпусна листа без потпис од мајката и тоа ја напишале на денот кога исчезна Тони. Ние ќе поднесеме приватни тужби за сите кои се инволвирани во случајот“ изјави револтирано Митевска.

25 годишниот Тони Корачоски од Прилеп, шест месеци бил хоспитализиран во болницата за душевни болести во Демир Хисар. Во саботата на 7 март околу 15 часот вработените во болницата забележале дека пациентот го нема, а по неколку часа била известена неговата мајка и започнала потрага по момчето, кое по смртта на неговиот татко пред три години, со нарушено психичко здравје, во неколку наврати било лекувано во оваа психијатриска установа.

Карачовски денеска е пронајден мртов над селото Варбино во близина на Демир Хисар. По налог на истражен судија и обвинител телото е предадено на обдукција.

Од оваа болница пред неколку дена избегаа уште двајца пациенти од судското одделение. Директорката Најдовска потврди дека едниот е пронајден и вратен во болницата, а по вториот пациент се уште се трага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.