Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа лага, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна, пренесуваат медиумите во регионот.
Некои земји немаа многу транспарентна политика, не го поддржаа нашето членство во НАТО и тоа беа едноставно лажни изјави дека Украина ќе биде во НАТО. Верувам дека позицијата на Германија и Соединетите Американски Држави беше слаба бидејќи имаа дијалог со Русите и верувам дека тие го загубија тој дијалог. Го изгубија затоа што секогаш се повикуваат на фактот дека порано имало некои договори со Русите, изјави Зеленски на новинарите во Давос, пренесува РБК Украина.
Тој потсети дека мнозинството земји од НАТО ја поддржуваат желбата на Украина да се приклучи на алијансата, а против тоа се само четири земји: САД, Германија, Унгарија и Словачка, објави РБК Украина.
Ако претседателот Трамп е подготвен да ја види Украина во НАТО, ние ќе бидеме во НАТО, сите ќе бидат за тоа. И ако претседателот Трамп не е подготвен да не види во НАТО, ние нема да бидеме во НАТО, посочил Зеленски.