Бранко Тричкивски: Со решението за прекин на кривичниот прогон на обвинетите за крвавиот упад во Собранието, и со неверојатното образложение на судијата Трпков, отворени се вратите луѓето кои мислат дека се опремени со патриотска мотивација, во секое време да влезат во судот или во која и да е институција, да направат русвај и да земат по некој скалп за спомен и долго сеќавање, ако потоа се спремни да се покајат и да побараат прошка од државата, од судот, од народот, од Обединетите нации и од ФИФА. Плус да покажат дека се срамат! Македонија е вратена во претполитичко време во кое секој може да се повика на оваа решение и врз основа на него кон секој член на општеството да се чувствува и постапува како хобсовски волк. Раскинат е општествениот договор и сите цивилизациски дострели! Неверојатно!