Србија денеска е во Генерален штрајк.
На повик на студентите се одзваа ученици, родители, професори, наставници, синдикати, адвокати, судии, јавни служби, медицински установи, медиуми, па и филмската кабелска телевизија „Синеманиа“.
Ќе бидат локирани факултети, училишта, улици, ќе се бојкотираат трговски мрежи, маркети.
Протестите на студентите траат повеќе од два месеца, а граѓанскиот отпор е против властодржието, корупцијата и партизацијата на институциите.
Непосредниот повод за студентските протести во Србија е несреќата во Нови Сад од 1-ви ноември лани кога на новосадската железничка станица од уривање на бетонската настршница на објектот животот го загубија 15 граѓани.