Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил е згрозен од гнасната кампања против средношколците

0
By Нова ТВ on March 18, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2015 15:00

Невладината организација „ЦИВИЛ“ најостро го осудува притисокот и црната кампања која се води против учениците од средните училишта. Од невладината потенцираат дека правото на протест е неприкосновено и заштитено со Устав и закон.

„Згрозени сме од вулгарноста и незамисливо ниското морално ниво на оние што ја водат оваа црна кампања против нашите млади сограѓан(к)и. До ЦИВИЛ пристигнуваат информации од Средношколскиот пленум и поплаки од родителите во кои се сведочи за постојаниот притисок. Притисокот се состои и во заканите дека ќе ги избркаат родителите од работа ако средношколците не престанат да протестираат.

Средношколците се етикетираат дека се платеници на Сорос, преку летоци со одвратна содржина. Во една скопска гимназија се појавија постери дека средношколците кои биле поактивни во Средношколскиот пленум, наводно биле платени по 10.000 денари за организирање протест.

ЦИВИЛ го поддржува Средношколскиот пленум и смета дека нивниот протест е изворен и легитимен! Никој нема потреба да бидат платен за да ги брани своите права и правата на сите граѓан(к)и. Но, се поставува прашањето: Кој ја плаќа црната кампања против нашите млади? Дали летоците и плакатите со таква гнасна содржина ги плаќаат граѓан(к)ите на Република Македонија и кој си го узурпирал тоа право да малтретира и навредува? Изворите на ЦИВИЛ говорат дека низ целата земја се врши силен притисок токму од оние кои се најповикани да се грижат за доброто на младите.

Директорот на гимназијата во Битола им „објаснувал“ на координаторите на класовите дека вклучувањето во Средношколскиот пленум и учествувањето во протести не било добро за нив. Во Кавадарци се заканувале до учениците дека ќе добиваат неоправдани изостаноци, дека ќе мора да учат во сабота, дека ќе има и „други санкции“.

Локални партиски активисти од УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да го спречат средношколскиот протест. Средношколскиот пленум бара одредбите од Законот за основно и средно образование, кои се однесуваат на екстерното тестирање, итно и неодложно да бидат ставени во мирување.

Понатаму, бараат да се започне сeопфатна дебата, заснована на аргументи и поткрепена со податоци и факти, со јасен концепт за очекуваните резултати и начинот на кој ќе бидат спроведени. Дебата во која ќе бидат вклучени учениците, како и наставниците, кои го сочинуваат столбот на образовниот систем. Цивил ги охрабрува средношколците да се спротивстават на оваа валкана кампања која се води против нив.

Ги повикуваме да останат храбри и истрајни до крај и да не подлегнуваат на црната пропаганда на власта. Ги повикуваме сите граѓан(к)и да ги поддржат сите нивни протести и барања. Бараме да престане злоупотребата на дел од младите и нивното ангажирање во партиската солдатеска насочена токму против нивните врсници.“ се вели во реакцијата на „Цивил“.
>>> Заклучиле врата од училиште во Кавадарци, за учениците да не излезат на протест

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.