Повеќе од 50 државни делегации, меѓу нив и од Северна Македонија предводена од претседателката Сиљановска Давкова, утре, 27. Јкануари, ќе бидат присутни утре на комеморативна церемонија по повод 80 години од кога војниците на Црвената армија ги ослободија најстрашните логори на смртта.
Аушвиц стана симбол на холокаустот што нацистичка Германија го изврши врз шест милиони Евреи, од кои еден милион починаа токму на тоа место од 1940 до 1945 година.Официјални лица во музејот на местото на поранешниот концентрационен логор Аушвиц I и логорот за истребување Аушвиц-Биркенау, изграден во окупирана Полска во близина на градот Освиечим, изјавија дека овојпат не сакаат говори од политичарите.
Ќе зборуваат само преживеани логораши кои ќе ги раскажат своите страдања.
Како што Советите се приближуваа до Аушвиц во јануари 1945 година, германските СС служби принудија 60.000 затвореници на марш кон запад, познат како Марш на смртта. Пред да избегаат, нацистите направија обид да ја уништат нивната фабрика за смрт, кревајќи ги во воздух гасните комори и крематориумите во Биркенау.
Црвената армија пристигна на местото на „апсолутното зло“ на 27 јануари, наоѓајќи околу 7.000 преживеани таму. ОН го прогласија тој ден како Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот.
Во најголемата фабрика за смрт во Втората светска војна, точниот број на загинати не е познат со сигурност, но историчарите проценуваат дека околу 1,1 милион мажи, жени и деца биле егзекутирани или умреле од болест, глад и исцрпеност, од кои околу еден милион биле Евреите. Останатите беа главно Руси, Полјаци, Роми.
Фото: Нова.тв.мк