Сем Пауер: Главната работа што ја утврдивме во однос на онлајн порталите е дека е голема веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат. Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се злоупотребуваат од такви политички претприемачи. Што прават тие? Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем. Наодите од истражувањето укажуваат дека системот на директно државно финансирање на онлајн информативните портали може да се преиспита или, доколку остане таков каков што е, во законодавството треба да се воведат јасни и објективни критериуми за да може да се гарантира транспарентност и одговорност, како на пример во одредувањето на подобноста на информациите на онлајн информативните портали, како и во користењето на државните пари за платено политичко рекламирање. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.