Кока-Кола ги повлече своите пијалоци во некои земји низ Европа бидејќи содржат „повисоки нивоа“ на хемикалија наречена хлорат, објави BBC.
Во соопштението на компанијата се вели дека повлекувањето е фокусирано на Белгија, Луксембург и Холандија. Додаде дека само пет производни линии биле испорачани во Британија и тие веќе биле продадени.
Кока-Кола соопшти дека не добила никакви поплаки од потрошувачите во Велика Британија и дека „ги предупредила властите за ова прашање и ќе продолжи да соработува со нив“.
Засегнатите производи ги вклучуваат марките Кока-Кола, Фанта, Спрајт, Тропико и Минут Меид.
Изложеноста на високи нивоа на хлорат може да предизвика здравствени проблеми, вклучително и проблеми со тироидната жлезда, особено кај децата и доенчињата.
Повисоките нивоа на хлорат беа откриени за време на рутинско тестирање во производствениот погон на компанијата во Гент, Белгија, според неименуван портпарол на компанијата, цитиран од новинската агенција АФП.
Поголемиот дел од непродадените производи беа повлечени од полиците, според АФП, а компанијата беше во процес на повлекување на останатите.