НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, ќе се менуваат називи кои немаат ништо заедничко со Тетово

0
By Marija Todorovska on January 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од денешниот брифинг заедно со директорите на претпријатијата и раководителите на сектори одговори на писмото на Сојузот на борци кои му порачаа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Касами рече дека тоа е минато време и систем, а имињата на улиците ќе рефлектираат согласно новиот демократски концепт.

Ние не можеме да бидеме заложници на едно време. Македонија до деведесеттите години беше под Југославија и беше нели комунистички систем, монистички систем каде имаше други херои кои ги славевме. Сега сме во демократска држава, а сега имаме нов концепт со кој ги создаваме институциите и ја градиме државата. Тоа е европски демократски концепт и согласно тоа, тоа сигурно ќе рефлектира и во имињата на улиците во градот Тетово. Тоа не е против никоја етничка група во градот, а тоа е во интерес на сите етнички групи, но мора да рефлектира реалноста, сегашноста и тоа што ние сакаме да градиме во иднина, истакна Касами.

Тој рече дека одредени имиња ќе останат, а иницијативата е насочена првично за евидентирање на улиците, а потоа именување. Била формирана комисија која ќе ја реализира целата оваа постапка за именување на улиците, а граѓаните ќе може да учествуваат со предлози. Според него во таа комисија членуваат претставници на сите советнички групи и надворешни експерти.

– Во таа комисија има и Албанци и Македонци, има и од позиција и од опозиција. Има и надворешни експерти кои ќе дадат свои придонес во целиот процес. Самата инцијатива не значи дека сите имиња кои постојат ќе бидат преименувани. Еден пример ќе дадам, не знам што е идентификација на Македонија и Тетово со името „Кавказ“. Во Тетово има улица „Кавкаска“ и не знам што сакаме да покажеме со тоа име на улица. Неколку примери има вакви со кои нема ништо заедничко ни Тетово ни Северна Македонија и тие улици сигурно ќе се преименуваат но улиците на македонските херои кои се налик и на ова време сигурно дека ќе бидат земени предвид, и ако комисијата одлучи да останат ќе останат, истакна Касами.

Со оглед дека во Тетово дел од улиците се преименувани во 2007 година, но не се прифатени од централната власт, па има користење по две имиња, Касами вели тоа ќе се смени со нов закон. Според него, таа регулатива ќе овозможи да се користат имиња донесени од страна на општините и ќе има централен регистар.

брифинг Касами Тетово улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.