Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Неготино за Фросина, побарана одговорност и поголема свесност од сите 

0
By Zoran Ivanov on January 31, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 31, 2025 18:59

На протест во  Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот.

Ова не е само трагедија за изгубен млад живот и огромна загуба на семејството. Ова е предупредување за нас дека не сме безбедни. Оние кои треба да не штитат, се на страната на виновниците. Ни даваат порака дека нашиот живот не вреди во моменти кога треба да се заштити некој финансиски и позициски помоќен од нас, рече Софија Шутова, дел од организаторите на протестот.

Вера Најдовска, другарка на Фросина, посочи дека нема зборови кои можат да ја изразат болката од трагедијата.

Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа. Ти не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Не си само репетитативна жртва на системот во државата, најмногу од се, Фроси, ти си херојка во сите нас. Ти остави длабок печат, а за нас твојата слика ќе остане врежана во сеќавањата, девојка со бескрајна позитивна енергија, која го претвораше светот во место полно со бои и радост. „Шо напраив бе” беше се што монструмот можеше да каже. Епа ти, остави фамилија без своето чедо, момче без својата долгогодишна љубов и сите нас без најискрениот и најсветлиот другар, истакна Најдова.

На протестот зборуваше и Каролина Маркова, наведувајќи дека  Фросина беше светлина во животите на сите што ја познаваа. – Со нејзината добрина, насмевка и топлина оставаше трага каде и да зачекореше.

Имаше планови, соништа, љубов кон животот, кои, за жал, никогаш нема да бидат остварени. Сѐ што остана се болката и празнината што ја чувствуваме. Но, најмногу од сѐ чувствуваме гнев и неправда. Еден момент на несовесност, еден миг на невнимание, одзеде живот кој требаше да биде исполнет со уште многу радости и успеси. Загубивме ќерка, сестра, пријателка, сограѓанка – загубивме човек кој со своето постоење го разубавуваше светот околу себе. Не смееме да дозволиме вакви трагедии да станат само бројки, само вести што брзо се забораваат, рече Маркова, порачувајќи дека мора да се бара одговорност, побезбедни улици и поголема свест и совесност кај сите.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.

Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која пред три години загина исто така на ул.,,Партизанска” во Скопје, даде поддршка на фамилијата Кулакови кои дојдоа на плоштадот по погребот, меѓу луѓето што дојдоа да и оддадат почит на Фросина.

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.

 

негорино протест фросина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.