Кристина Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените во изминатиот период. Имено кукавички беше и самото тоа што тој им даде предност на сопствениците на трговските синџири во трката кон „новогодишната кошничка“. Знаеме дека тие мерки беа најавени еден месец дена пред нивното ефектуирање и нивното почнување, а во тој меѓувремен период Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за да ги спречат вртоглавите растови на цените во периодот од најавата до почетокот на новогодишната кошничка. На крајот цените по 15 декември и покрај тоа што беше во сила новогодишната кошничка беа повисоки од цените на истите тие производи во периодот кога таа новогодишна кошничка беше најавена. Мицкоски немаше само обврска да ја најави мерката и да ги остави трговските синџири да постапуваат онака како што сакаат и е впрочем одговорен што ги доведе грѓаните до ова дереџе, сами да мора да се организираат и да покажат бунт. Прилично е лицемерно Мицкоски сега да го кажува дека го поддржува бојкотот. Мицкоски и ДПМНЕ имаа можност да спроведат квалитетни економски решенија и доколку ги немаат како идеја ние им ги понудивме но тие ги одбија. Линк