Филаделфија: Авион за медицински транспорт на пациенти се урна врз резиденцијална област кај Филаделфија, Пенсилванија.
Во несреќата загинаа шест луѓе меѓу кои девојче.
Градоначалничката на Филаделфија, Шерил Паркер, изјави дека информациите за бројот на жртвите се уште не се потврдени, но истакна дека се оштетени неколку домови и возила.
Леарџет 55, кој полета од аеродром во североисточна Филаделфија, исчезна од радарот неколку минути по полетувањето во 18:06 часот, по локално време.
Летот бил на пат кон Спрингфилд, а авионот бил регистриран во Мед Џетс.
Сведоците изјавиле дека слушнале силна бучава пред да го видат пламенот.