Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четиринаесет  

0
By Zoran Ivanov on February 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 1, 2025 21:12

И, ќе умее ли оној кој ќе се соедини со мојата љубов кон тебе да ја издржи? Ќе знае ли да ја пренесе некому толку моќно и силно? Ќе знае ли таа жена на чие лице ќе заминат моите солзи да ги чува во тајност како нешто најсвето? Ќе умее ли да ја смири болката, да и даде седатив како никогаш и да не постоела?

Тина Иванова

Мој „Четиринаесет“, така те именував.

Ова е времето што сега го живееме.

Јас и Ти.

И милиони други, ама и јас и ти.

Утре, не го познаваме.

Минатото… Ех, за тоа имаме само спомени од мигот кога се запознавме, до денеска.

Сеќавања на радост, смеење, среќа, тага, тага за нас и за светот, солзи и болка.

Ние сме, сепак, луѓе, како и другите.

Ама, ние сме двајца замотани во едно ќебе од емоции.

Затоа сме посебни.

Така си мислиме.

„Четиринаесет“, дојде и тоа време да почувствуваме разделба, а со тоа и осаменост.

Дојде време кога нашите сеќавања од заедничките мигови ќе ни бидат единствена утеха.

Болеста е дел од човекот.

И смртта.

Телата ќе се распаднат.

Ќе ги изедат црвите.

Но, „Четиринаесет“, каде ќе се претопат нашите емоции?

Кој ќе ги земе?

Кој ќе ги чувствува?

И, ќе умее ли оној кој ќе се соедини со мојата љубов кон тебе да ја издржи?

Ќе знае ли да ја пренесе некому толку моќно и силно?

Ќе знае ли таа жена на чие лице ќе заминат моите солзи да ги чува во тајност како нешто најсвето?

Ќе умее ли да ја смири болката, да и даде седатив како никогаш и да не постоела?

„Четиринаесет“, ние не го доживеавме логорот на Втората светска војна, не ги испишавме нашите пораки на жалост и копнеж на ѕидините на Треблинка, не го слушнавме звукот на траорот од рушевините по страшниот земјотрес, не го почувствуваме разорниот крик на мајката која го губи нејзиното чедо.

Но, „Четиринаесет“, ние го примивме тоа нешто на кое не можам да му најдам единствен збор, како дел од нашето битисување и го разнебитивме низ нашите размисли.

Затоа нашите души се растреперени од раѓање. Затоа, јас и ти сме едно.

И денеска, „Четиринаесет“, моите и твоите парчиња од солзи и насмевки се соединија во едно суштество кое би можело да го спаси светот.

Но, повторно, мој „Четиринаесет“, љубов моја, ние сме заробени.

Не ни даваат да летнеме во бескрајот на убавината.

Кои се тие?

Дали се тоа луѓето или ѕверовите?

Дали сме тоа самите ние кои малку по малку си ги сечеме крилјата и се спуштаме се подолу и подолу кон земјата во неможност повторно да се кренеме?

Утре, не го знаеме.

Можеби ќе биде ист некој обичен ден со идентични рутини.

Ама денеска, љубов моја, денеска сме јас и ти.

Денеска, стоиме гордо пред ѕидот на љубовта со широко отворени раце да ја гушнеме.

Тоа, тоа не можат да ни го земат, ниту луѓето, ниту ѕверовите.

Денеска, ја слушаме нашата прекрасна мелодија.

Утре, можеби ќе биде музика на тажните песни, родена во разни облици, пренесена во некои туѓи души.

Или ќе биде мелодија на среќни мигови, преточена во нечии детски, невини очиња.

Не треба да знаеме.

Ние двајца „Четиринаесет“ мој, треба да знаеме дека сме сега. Тука. Гушни ме…

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.

 

тина иванова четиринаесет поезија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.