Приштина: Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единственото претпријатие одговорно за собирање смет во градот, не ја извршува ефикасно својата должност.
Истакнувајќи дека „Пастрими“ нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот и дека ќе се продолжи со вонредната состојба и со ангажирање приватни компании да помогнат за правилно чистење на градот.
Властите велат дека теренските увиди од екипи утврдиле висок ризик од епидемија поради смет и дека состојбата е алармантна.
Во некои населби во Приштина со денови не се празнат контејнерите за ѓубре.