НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиромашните граѓани по два основи ќе ги финансираат богатите фирми – каде ќе одат парите

0
By Zoran Ivanov on February 6, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд побарал мислење од владата за покрената иницијатива за оцена на уставноста на Законот, а таа си одмолчи. Зарем молчењето не значи одобрување.Сиромашните граѓани по два основи ќе ги финансираат богатите фирми.

 Тито Петковски

 Уставниот суд го поништи т.н. Закон засолидарност со кој беа оданочени екстрапрофитите на 156 најбогати компании во државата, a со цел солидарно надминување на кризата после короната.

Едновремено и наложи на државата, (читај владата), на овие компании да им исплати долг од 50 милиони евра, се разбира од буџетот.

Претпостсвувам тоа не е се’ и за очекување е компаниите да си побараат и камата за издвоени средства согласно Солидарниот закон.

Дека македонската влада учествувала во дополнителното осиромашување на граѓаните говори и фактот што, пред да одлучи, Уставниот суд побарал мислење од владата за покрената иницијатива за оцена на уставноста на Законот, а таа си одмолчи. Зарем молчењето не значи одобрување.

Парите што државата треба да ги врати на компаниите мора да се издвојат од буџетот на државата што по разни основи го полнат граѓаните.

Станува сосема јасно дека Владата и Уставниот суд ги штителе интересите на компаниите, а не на граѓаните што е во спротивност со една од темелните вредности на нашиот устав “изградба на социјална држава” но и со принципот “обезбедување на социјална правда“.

Истата таа влада, со цел подршка на македонската економија, издвојува 250 милиони евра наменети за истите тие компании, превзема обврска пред комрцијалните банки да отплатува дел од каматата на кредите што банките ќе им ги одобруваат на компаниите. Претпоставувам, во најголем дел станува збор за истите компании.

Таа подршка на компаниите, владата ќе ја отплаќа исто така преку буџетот што го полнат сиромашните граѓани.

Ова значи дека во исто време сиромашните граѓани по два основи ќе ги финансираат богатите фирми.

Внимавајте, станува збор за приватни компании.

Овој вид на помош, според мене, има елементи на кривично дело “неосновано збогатување”. Од буџетот како “народна каса” ќе се финансираат профити на приватни компани кои преку грбот на граѓаните неосновано ќе се богатат.

Испаѓа дека државата, (читај владата), е солидарна со интересите на компаниите, а не со интересите на граѓаните.

Зошто е тоа така не е многу тешко да се одговори.

Та нели приватните компании имаат право да ги финансираат политичките партии.

И така до бескрај. Македонија и нејзините граѓани стануваат се’ посиромашни, а владеачките партии и нивните водства се’ по богати.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

тито петковски колумна уставен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.