Скоро секој четврти студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имал искуство со некои од формите на непотизам, покажуваат резултатите од спроведената анкета на МОФ.
Студентите велат дека неизбежни се ситуациите кога професор дава повисока и оценка врз основа на познанство или кога се користат „врските“ за упис на Факултетот.
За споредба, на Универзитетот во Загреб само 9,9 отсто од испитаниците имале такво искуство, додека во Македонија околу 30 отсто од студентите одговориле дека биле инволвирани во вакви ситуации, а дури 39 отсто изјавиле дека имале директно искуство во купување книга од професор со цел да се добие повисока оценка.
Свеста за пријавување на корупција кај студентите во Македонија се уште е мала. Истражувањата покажуваат дека тие не ги препознаваат сите форми на корупција во високото образование и дека и покрај тоа што во рамките на универзитетот има оворени канцеларии за пријавување, студентите многу малку пријавуваат корупција поради постоње на страв од одмазда.
Во просек 4 од 10 студенти имале искуство со мито и корупција. Пред скопскиот Универзитет е само државниот Универзитет во Молдавија.
Истражувањата покрај Македонија, биле спроведени во Бугарија, Хрватска, Србија и Молдавија. Вкупно биле анкетирани 3.463 студенти испитаници.