Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Матурантите ќе имаат корист од полагањето математика

0
By Нова ТВ on March 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2015 12:31

Министерот Абдилаќим Адеми денеска го повтори ставот на Министерството за образование и наука дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво и дека оваа новина која треба да се воведе од оваа учебна година била најавена пред две години. Нагласи дека преку јавна дебата ќе ги информира матурантите зошто е корисна оваа одлука.

– Се работи за основно ниво, а не за напредно ниво на математика. Во претходните години имаше ученици што избираа математика на основно ниво и ученици што избираа напредно ниво и немаше никаков проблем со проодноста. Така што јас верувам во капацитетот на матурантите дека можат да полагаат математика на основно ниво, изјави Адеми при посетата на Технолошко-металуршкиот факултет.

Во врска со вчерашниот протест на матурантите и барањето што го доставија до МОН, Адеми рече дека ќе биде разгледано и дека Министерството ќе ги информира и матурантите и јавноста за предностите на полагањето државна матура.

– Државната матура е призната во цел свет и секој матурант што успева да положи државна матура во Македонија слободно може да се запише на кој било универзитет или факултет, не само во Македонија туку во цел свет. Така што низ една дебата и информирање ние ќе настојуваме да ги убедиме учениците дека е пред се за нивна предност како и за образовниот процес во Република Македонија и дека не е лошо да се полага математика, рече Адеми.

Додаде дека во светот математиката како и мајчиниот јазик се задолжителни предмети и дека на тој начин може да се утврдат афинитетите на учениците за нивното натамошно високо образование.

Во меѓувреме средношколците се помасовно организираат маршеви против ковиот концепт на полагање државна матура со кои математика се воведува како трет задолжителен предмет за полагање. Тие порачаа дека доколку министерството за образование и Бирото за развој не запрат со лошите реформи, нивните активности ќе се радикализираат, а притисоците нема да ги спречат во тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.