Бранко Тричковски: Можеме да бидеме туристичка дестинација во која луѓето би доаѓале да гледаат како будалите ги бранат националните интереси. Како нивниот премиер пелтечи десет зборови мешајќи им го редоследот во пет варијанти, седум години. Тој се однесува како политичка кретенчуга од највисок ранг. Нивната претседателка е како принцеза извадена од театарот за деца во време кога театарот немал доволно пари да ја увежба и дотера попристојно за детската публика. Можеме и да го тужиме Трамп затоа што вмро прв ја лансира паролата за „Мејк Македонија грејт агеин“! Трамп може да види колку мала, безначајна, а можеби и исчезната ќе биде Америка, кога тој ќе ја направи голема. Порано ваквите состојби и глетки ми предизвикуваа тага, денеска не, не можам да кажам дека се радувам на распаѓањето, но на тоа гледам како на нешто туѓо. Тоа е мој пораз. Пораз на моите идеи и концепти. На мојата филозофија. Линк