Фатмир Битиќи: Цените растат, а Владата нема стратегија како да ги ублажи шокови врз куповната моќ на граѓаните. Наместо решенија, гледаме хаотични потези и несериозни изговори. Во меѓувреме, одредени кругови профитираат, додека граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај. Минималната плата од 30.000 денари не смее да биде далечен сон, туку економска реалност. Ако Владата навистина се грижеше за граѓаните, досега ќе имаше конкретни мерки за раст на платите, а не само празни ветувања. Новото Министерство за енергетика постои осум месеци, а резултатите нема. Енергетската криза се продлабочува, додека Владата само посматра. Погледнете го интервјуто за Рацин.мк во кое зборувам и за други економски и политички теми. Линк