Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Бунтот на српските студенти и предавството на старата неверна Вавилонка

0
By Zoran Ivanov on February 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2025 02:14

Српските студенти, нивните природни младешки порови за европска демократија, за право, правда и еднаквост, практично веќе се речиси издадени. Предадени се токму од таа самата, нели до вчера, слободна и либерална демократска ЕУ.

Зоран Иванов

Невиден молк на земјите од ЕУ и на целата институционална и бирократска ЕУ.

Ни збор поддршка на евидентната вистинска демократија. Онаа од доле, од општествената база, од народот, посебно со српските студенти. Од студенти. Од потенцијалниот интелектуален крем на секое општество.

Наспроти доскорешните поткрепи на бројни идентични или слични демократски инклинации на кои, по правило, ЕУ им дувала силен и отворен ветер в грб, во актуелниов случај со српските студентски протести, ЕУ е во автофрустрирчки молк.

Причините се теми за умни аналитичари но, во овие неколку реда, авторот ќе се осмели да експериментира со две.

Првата, напливот на партиските идеолошки десници чиј политички менталитет, наспроти левиот либерализам, е сувереност кој се граничи со или е баш тоталитаризам класик.

И, вториот, стравот студентскиот прелиберален демократски вирус стартуван спонтано од доле, од плебисот, од граѓанската база, посебно од младешкот студентски и потенцијално интелектуален слој, да не се прелее преку српските граници и да не ги загрози комодитетите на веќе лапидарните бриселски бирократи.

Страв на тамошните естаблишменти, српскиот студентски бунт да не го инфицира нивниот домицилен полис кој би им предизвикал идентични немирни реакции какви што сега му се случуваат на тоталитарниот српски вожд и кои би им ги заматиле нивните во демократијата спечалени комотни атари.

Се’ на се’, демократската ЕУ себе си, и низ примерот со бунтот на српските студенти, веќе си се легитимира како стара, бирократизирана, инертна и исплашена од сопствената слобода.

Згора, десната и шовинизна американска Трампова политика, на ваквата, евидентно веќе загубена и за сопствената кожа исплашена Европа, и создава дополнителен грч и неизвесност за нејзиниот легислативен и фактички опстој.

Накусо, српските студенти, нивните природни младешки порови за европска демократија, за право, правда и еднаквост, практично веќе се речиси издадени.

Предадени се токму од таа самата, нели до вчера, слободна и либерална демократска ЕУ.

Поради овие актуелни состојби, српската студентска демократската револуција може бергу да издиши.

Ако тоа се случи, а е извесно дека ќе се случи доколку ЕУ и САД, а посбно ЕУ бргу, многу бргу и гласно, многу гласно, не застане зад своите темелни постулати и јавно, директно, ако сакате дрско, не ги поддржи студентските протести во тоталитизираната Србија.

Во спротивно,  во оваа цивилизациска етапа, ќе остане времето, историјата, да бидат судот за ова актуелно предавство на европската демократијата.

Предавството на мачно стекнатите граѓанските слободи и права.

Предавство од страната на двата, на светско ниво, нејзини посветени создавачи и чувари.

Предавство на демократијата од страна на таа стара неверна Вавилонка.

 

зоран иванов колумна српски студенти предавство на еу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.