Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

0
By Marija Todorovska on February 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2025 12:50

Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот, НЕПРАВИЛНО и НЕПРАВЕДНО ја разреши, поради наводни неправилности во нејзината работа. Министерката Костадиновска Стојчевска ја клеветеше Тина Иванова и јавно на прес-конференција, по што, Иванова од неа побара јавно да ѝ се извини или ќе мора сатисфакцијата за, како што тогаш посочи Иванова, навредите и клеветите да ги бара на суд, што Тина Иванова и го стори. По сите истражувања, не се пронајдени никакви неправилности во нејзиното работење на позицијата Директор на Македонската Филхармонија.

Пресудата на скопскиот Управен суд за Министерството за култура раководено од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е извршна и неотповиклива; oдносно, Министерството за култура и екс министерката немаат право на жалба. 

Инаку, вистинската причина за разрешувањето на директорката на Филхармонија, како што коментираа и медиумите тогаш, е во фактот што директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова, не застана зад министерката и нејзината штетна одлука по Филхармонија, туку се солидаризираше со двомесечните протести на уметниците и на целиот колектив, односно, стави свој потпис на петицијата составена од колективот.  

„Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска,  злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа, но, она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинството и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам!“  , вели Тина Иванова.                                

Бисера Костадиновска - Стојчевска Тина Иванова Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.