Палермо: Речиси 130 лица се уапсени поради изнуда, нелегално коцкање преку интернет и недозволено поседување огнено оружје, се вели во соопштението на полицијата.
За 33 осомничени, кои веќе беа во затвор за други кривични дела, издадени се дополнителни потерници.
Истрагите открија дека мафијашките семејства на Палермо ги координираат своите активности во градот и околните провинции како во некогаш златните денови на Коза Ностра, особено кога станува збор за шверцот на дрога, соопшти полицијата.