При пари, без пари. Вака семејството Кукувалиеви го живее секој нов ден во својата трошна куќа во скопска Керамидница. Цела година чекаат министертвото за финансии да им ги исплати парите од денационализација на имот во кратовско кој е наследство од родителите.
За тоа време живеат во сиромаштија, болни, во темница, бидејќи од ЕВН им ја исклучиле струјата пред две и пол години поради долг од 80 000 денари. Погледнете ја потресната сторија за ова македонско семејство кое во срцето на метроплота живее како во 19 век.