На денешниот настан во рамки на 61. Минхенска безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон Европската Унија, премиерот Христијан Мицкоски истакнал дека македонскиот пат кон ЕУ „започна многу пред да започне евроинтеграцискиот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка“.
За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или, да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексно. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал, има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот, рекол премиерот Мицкоски.
Како што информира владината прес служба, премиерот во обраќањето кажал дека промената на името не бил единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава, туку и промената на знамето.