Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Довербата во демократските парламенти страда од глобален пад – истражување на универзитетот во Саутемптон

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2025 08:46

Според ново истражување, довербата во владите и политичките партии опаѓа во демократските земји ширум светот.

Истражувачите од Универзитетот во Саутемптон анализирале 3.377 истражувања кои опфаќаат 143 земји помеѓу 1958 и 2019 година, што претставува повеќе од пет милиони испитаници. Тие откриваат дека додека довербата во репрезентативните институции како што се парламентите „генерално опаѓа“, довербата во нерепрезентативните елементи како што се полицијата, државните служби и правните системи останува стабилна или се зголемува.

Д-р Виктор Валгардсон, водечки автор на студијата  рече дека резултатите се „предупредувачки знак“ дека автократските лидери би можеле да ја искористат промената во јавното мислење и да станат посилни.

„Падот на довербата на јавноста во политичките власти е во срцето на предизвиците со кои се соочуваат демократските влади во многу земји денес. Ниската доверба во политичарите обично се поврзува со поддршката за популистичките партии и лидерите кои се против политичкиот естаблишмент. Исто така, им отежнува на владите да одговорат на кризи како климатските промени и пандемијата Ковид-19“.

„Во САД, довербата во федералната влада опадна во изминатите неколку децении и не е случајно што сега сме сведоци на драматичен напад врз демократските институции таму, предводени од кандидат кој беше избран откако вети дека ќе го стори токму тоа“.

„Иако се уште има докази дека граѓаните во голема мера ја поддржуваат идејата за демократија, голем број од нив ја изгубија вербата во институциите кои се неопходни за демократско владеење, што доведе некои од нив да гласаат за кандидати кои се чини дека имаат намера да ја уништат демократијата каква што ја знаеме“.

Истражувањето покажа дека вкупната доверба во парламентите е намалена за 9 отсто од 1990 година до 2019 година во демократските земји во светот, додека довербата во полицијата е зголемена за 13 поени.

Авторите, исто така, открија дека довербата во парламентот е намалена во 36 демократии, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Франција, Италија, Шпанија, Јужна Кореја, Австралија и САД, а се зголемила само во шест.

Во студијата се нагласува дека – довербата во владите „пропаднала на глобално ниво“ по финансиската криза во 2008 година, иако во Јужна Америка се зголемувала до 2014 година, по што почнала брзо да опаѓа.

Истражувачите не открија очигледен пад на довербата во Азија и Пацификот,  додека Данска, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Еквадор и Нов Зеланд се спротиставуваат на глобалниот тренд – со зголемување на довербата во репрезентативните институции.

 

истражување пад демократија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.